ДВЕ ЛИГИ НА ОФС ПРИЛЕП

Општинска

Две групи има системот на ОФС Прилеп. Општинската лига Б-група почна во неделата, со овие резултати: Боротино – Гарван 1:2, Кадино – Прилеп сити 6:0, Мукос – Кадица 2:0, Црвена ѕвезда – Корзо 2:0. Екипа со име Корзо се појави по отсуство од точно 10 години. В недела (15 ч.) е новата рунда: Гарван – Кадино, Кадица – Боротино, Корзо – Мукос и Динамо – Црвена ѕвезда.

Општинската лига А-група стартува в недела (10 ч.): Влазними јуниор – Пролетер, Стрела – Обршани, Напредок – Тризла и Млекар – Братство.

Loading