В САБОТА ВО СТРУМИЦА, В СРЕДА ВО СТРУГА

Фудбал: Победа

По двонеделната пауза, два меча за пет дена претстојат за Победа. Прво в сабота е гостувањето кај Беласица во Струмица, во 5. коло од Втората лига. Традиционално дерби и можен е секаков исход. Тренерот Филип Мирчески не може да смета на Антонио Столевски, Филип Спиркоски и Христијан Кукески – исклучените од мечот со Осогово, но приклучени се Игор Паноски, Христијан Поп-Антоски и Леонид Кофиловски. Прилепскиот тим има натпревар и в среда, за 16-финалето од Купот. Тогаш гостува во Струга, на третолигашот Јанг тим.

Табела: Беса и Кожуф 12, Пелистер и Детонит 10, Башкими 9, Победа 7,  Беласица и Новаци 6, Охрид и Скопје 4, Арсими, Вардар Н., Караорман и Тетекс 3, Саса 1, Осогово 0.

Loading