СТАРО „БИТОЛСКО ЏАДЕ“

Ова е една од главните “сообраќајници” кои го поврзувале Прилеп со Битола. Пред ослободувањето улицата се нарекувала “Крал Петар”, после Беше “Моша Пијаде”, а сега “Александар Македонски”. Тоа е дел од познатото Битолско џаде кај театарот и Архивот. Улицата била како правлив друм. Наредени се и интересни градби со дрвени еркери. Високи вертикални тесни прозорци, даваат посебен шмек. Лозниците и свежо насадените дрвја се заштитени од несовесните со мрежа, да не ги скршат кревките стебла. Засадени се на улица, покрај тротоарот, кој и го нема.

Уште е зачуван Архивот. На местото од трпезаријата на црквата Свети Благовештение стои познатата предвоена гимназија. Постарите кажуваат дека изгорела во пожар.

Децата укажуваат дека животот бил маалски, иако просторот сега е скоро центар на градот.

Loading