ПРИЛЕП КАЈ ПРОЛЕТ

Мажи

Екипата Прилеп, во 2. рунда од Б-групата на машката ракометна Супер лига, викендов ќе се надигрува во Скопје со домашниот Пролет. Се очекува голема борба. Двата ривала имаа успешен старт на домашен терен. Пролет со 35:21 го совлада неготинскиот Вардар, а Прилеп со 28:27 беше подобар од скопскиот Бутел. Иако на полувреме гостите водеа со 13:11, имаа водство и пред крајот, прво со три разлика, потоа со 27:25, домашните со три гола во серија стигнаа до бодовите. Најефикасни беа новите – Владан Кастратовиќ со 7 гола (среден бек од Црна Гора), Томислав Квастек со 6 (пивот од Хрватска) и Левани Имнадзе со 5 (десно крило од Грузија).

Во Б-групата се уште Еурофарм Пелистер, Вардар, Мултиесенс и Голден арт.

Loading