СВЕТА САБОТА!

-Е, ајде живо здраво, ефенди Жика. Си подранил или така ми се чини,

-Така ти се чини. Кај нас Бончејца порано се разденува. Понаисток сме

-Кај вас петлите порано пропејуваат и не те оставаат да спијаш,

-Одамна кај нас петел не пропеал, кокошките се погрлат. Од нив мака имаме.

-Важно е кој да те разбуди. Поарно е петелот, ама и од кокошки не треба мака да имаш. Туку, денов те бендисува?

-Сабота, златна. Убајна, опојна, раздвижена, весела, слатка. Рај за прилепчани.

-Во право си.

– Не се чуди. Тебе и онака одамна за ништо не ти текнува.

-Жими меанава, ако те лажам. Има неке чоше мое.

-Ако е така, кафанава треба да има 60 чошина.

– Во среда и сабота сум на на течна рана. Тефтеро го наполнив со “пиши ме”. Че пропадни газдава, а мојне од дома че ме избрка.

– Саботава, за нас, прилепчаниве, е свет ден. Имаме Света Петка? Имаме. Имаме Света недела… Оти да нема света сабота.Неправда. Ние прилепчаниве треба да се буниме и да бараме да има света сабота, да не е сирак, запоставена.

-Да бараме таа неправда да се испрај? Чекај, да се собери екипава да знајме шо прајме. Појче умои за салам одлука. Тимски, на маса. Че успејме.

-Зависи од борбата. Темава бара многу мислење, кревање, напор, време. Че издржиме. Да тргниме со по една

Loading