АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Запри се кога се качуваш! Кога ќе почнеш да паѓаш нема да ја имаш таа можност.

*

Ако им кажеш се’ што мислиш рескираш да останеш – сам!

*

Неписмените и понатаму тврдат дека се’ оди како  ни’ е напишано.

*

И малите идеи можат да донесат значајни промени.

*

Не може да ги разбудиш оние кои намерно  се прават дека спијат.

*

Успехот на секој од нас треба да не радува сите.

*

На критика не се одговара со критизерство.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading