ЦЕВИТАНА ВО ТЕТОВО

Жени

В сабота стартува првенството од Првата женска фудбалска лига со мечот во Тетово меѓу Шкендија – Цевитана. Претходното првенство, прилепскиот тим беше на четвртото, тетовскиот на деветтото место. Се случија промени, па останува да се види каков резултат ќе биде на почетокот. Во Цевитана ново е тоа што тренер-играч е Катерина Милеска, со помош на Диме Аџулески. Летово на пријателски дуели беа две победи со по 3:1, над Топ гол и Истатов.

Во Првата женска лига се 10 екипи.

Loading