АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не се може кога секој секого гледа да прелаже.

*

Секогаш има живот за оние од власта.

*

Кога живееш во мрак му се радуваш и на искрите од чакмакот.

*

Со неразбрани нема разбирање.

*

Молчењето може да биде црна дупка во душата.

*

Ако не умееш да ја употребиш власта , не ја злоупотребувај!

*

Бори се за добро кога  и во зло се наоѓаш!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading