ИЗВОНРЕДЕН НАСТАП НА КУД ДРИМКОЛ

КУД Дримкол од Вевчани имаше настап во градот под мотото “Ајде ќерко во Вевчани”. Концертот, реализиран од ЦК “Марко Цепенков”, го проследија прилепчани, уживајќи во убавата македонска песна и оро. Вевчанските играорци изведоа кореографии од повеќе делови на Македонија.

КУД Дримкол ја афирмира нашата држава достоинствено, а доказ се бројните награди, дипломи и признанија на домашни и меѓународни манифестации.

Loading