ВИЦ НА НЕДЕЛАТА

Се враќа Пејо од работа и гледа неговата влезна врата искршена.

Влегува внатре и што да види – двајца мажишта среде дневната соба.

Почнале да го тепаат.

Го тепале, го тепале, а тој одвај успеал да праша:

– Абе, зошто ме тепате?

– Како да не те тепаме бе?!

Телевизор Грундиг од пред 30 години, фрижидер Кончар исто од пред 30 години, шпорет на дрва од пред 50 години, пари немаш, злато немаш, ништо немаш, е па зошто си ја ставил таа блиндирана врата, па уште и решетки?!

Зошто ги лажеш луѓето бе, измамник еден?!!!!

Loading