ТАЛЕНТИ ВО СОКОЛАНАТА

Одбојка

Иако нема натпревари во највисоката, сениорска категорија, одбојката како спорт уште опстојува во градов. Во салата од ДТВ Партизан, некогашната Соколана, се собираат трипати неделно членовите на најстариот градски клуб ЖОК 11 Октомври. Некогашниот легендарен одбојкар Глигурче Локвенец и младата Михаела Тодороска работат со педесетина таленти, пионери. И најмалите ги совладуваат техниките. Тоа се гледа при сервисот, кога силно со дланките удираат по топката над мрежата или кога во одбрана успеваат да вратат силен смеч.

Поради финансискиот проблем, клубот нема првенствени, туку само пријателски натпревари.

Loading