БРОНЗИ ЗА ЃОРЃИЕСКА И ДАМЕСКА

Шах

Во Струга се одржа Првенство на Македонија за млади шахисти, на кое клубот Прилеп освои два бронзени медала. Во категоријата за девојчиња до 14 години Теодора Ѓорѓиеска е трета со 4,5 поени. Во групата за девојчиња до 10 години Маја Дамеска е трета со 4 поени, зад првата Илијана Велева (Алкалоид) со сите 7 поени и Кајла Бурнс (Капабланка, Скопје) со 4,5. Иако со скромна присустност (во првата група 5, во втората 8 учеснички), резултатите вредат одбележување.

Во дванаесетте возрасни групи најмногу први места (5) има клубот Гамбит.

Loading