АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

И на лаик му е јасно дека нешто многу не е јасно.

*

Неписмени, а велат ме прочитале.

*

Ако сите патишта водат во Рим што понатаму?!

*

Кога правите што во моментот ќе во текне, не се прашувајте што ви се случува.

*

Ако духот владее со материјата како е можно обратното?

*

Внимавајте кога симнувате ѕвезди да не ви остане само темнината.

*

Демократијата во семејството е можна само ако сите се задоволни!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading