КОМФИ АНГЕЛ СТАНА СПОНЗОР НА РК ПРИЛЕП

Ракомет

Она за што сите спортски клубови сонуваат, јаве е за машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Клубот доби генерално спонзорство од компанијата Комфи ангел. Ова е поттик, оти со финансиската поддршка растат шансите за висок пласман  во 13-годишното постоење.

– По низа преговори, РК Прилеп известува дека ќе биде засилен со нов генерален спонзор од наредната сезона. Тоа е компанијата Комфи ангел. Се надеваме дека по успешниот пласман во Супер лигата, со здружени сили и нови предизвици оваа сезона ќе имаме уште поголеми резултати – е објавата од клубот.

По ова, сосема очекувани се новите ракометари од кои најнов е голманот Давид Ацевски (Јуниор КВ). Претходно пристапија пикерот Томче Трајчевски (Радовиш) и левиот бек Никола Цветаноски (Струга). Се очекуваимето на новиот шеф на Стручниот штаб и датумот за старт на подготовките.

Во која сала?

По можностите за финансиско закрепнување, растат надежите кај ракометната јавност. Се зборува дека е можно пуштање на Универзалната сала, каде клубот одигра неколку првенствени меча есента 2021 година. Ако се успее, објектот би бил отворен на 25 август, со почетокот на Меѓународниот меморијален турнир “Миле Нешковски”.

Алтернатива е салата во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”.

Loading