ИН МЕМОРИАМ – СТЕВАН СТЕВАНОСКИ – МАТАЛА

Збогум за Матала

Животот на 86 години го заврши Стеван Стеваноски – Матала, еден од најголемите пингпонгарски тренери во историјата на Прилеп. Меѓу првите е во градот што се занимава со овој спорт, уште во 1946 година. Подоцна се определува за тренер. Со екипата Младост е многукратен првак на Македонија, во рамките на Југославија. И по осамостојувањето на Македонија, прилепскиот тим под негово водство игра значајна улога.

Стеваноски беше и меѓународен судија, на две светски првенства.

Loading