АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кој не се грижи за својата иднина, не може да се грижи за ништо.

*

Кој само пишува закони, тој нема никогаш да ги спроведе.

*

Кој знае и коњот му знае.

*

Од човек нула не барај култура.

*

Откако остана само последниот Мохиканец, дали треба да остане и последниот Македонец?!

*

Кој не го почитува дневниот ред, уште помалку ќе го почитува ноќниот.

*

Лажговците сакаат добри луѓе. Нив најдобро ги лажат!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading