Моделарство
На Спортскиот аеродром кај Мало Коњари се одржа 71. Државно првенство во спортско моделарство, слободнолетечки модели. Фил феникс клубот беше домаќин со одлични натпреварувачи. Најдраматично беше во категоријата Ф1А-едрилици, каде се одвоија Анастасија Пожарска (Фил феникс) и Пеце Илиевски (Битола). Во флај-офот за секунда победи прилепчанката. Во Ф1Х-јуниори, првак е Дино Најдоски, пред Михаил Пожарски.
Екипно за едрилици – првото место за Фил феникс, второто за Битола, третото за Прилеп.