ПЧЕНКАТА ГО ПОБЕДУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ

Редовното консумирање на пченка го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Да се исфрлат сите нездрави закуски и да се внесе здрава храна треба да се проба варена пченка. Оваа житарка не само што е вкусна, туку е и исклучително здрава. Плус е нискокалорична.

Се препорачува како дел од секое мени. Големата содржина на растителни влакна ја прави пченката одличен диуретик. Го забрзува метаболизмот и го намалува холестеролот. Помага и при заболување на желудникот и ги ублажува симптомите на гастритис и чир. Богатството од витамините Б-комплекс го има ефектот за намалување на хомоцистини во крвта кои ги оштетуваат крвните садови. Редовното консумирање го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Спречува анемија, ослободува од болки во мускулите, ублажува депресија, ја подобрува концентрацијата, го јакне нервниот систем…

За разлика од повеќето намирници кои со термичка обработка ги губат дел од здравите состојки, со варење или печење на пченката речиси не се уништува само витаминот Ц. Се ослободуваат молекули со антиоксидативно дејство и се зголемува моќта.

Loading