МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ Е ШАМПИОН

Пинг-понг

Шампионот на Бизнис лигата во пинг-понг е екипата на Мермерниот комбинат. За една добиена партија беше подобар од ривалите и во полуфиналето и во финалето. Во полуфиналето совладан е ланскиот победник, Црна Река петрол со 4:3, во финалето со истиот резултат КН Елмонт. За мермерџиите настапија Александар Штаргоски, Звонко Тодороски и Александар Чадамовски. Наградата, покрај пехар и медали, е и викенд во Црна Гора.

Третото место е за Црна Река петрол.

Loading