ДВЕ ЗЛАТА ОД СТРУГА

Џудо

Вредат медалите кога се освојуваат на гости. Тоа му успеа на клубот Сеишин, на Меѓународниот турнир во џудо “Струга опен”. Настапи со 17 натпреварувачи, а освои 12 медали ( 2 златни, 3 сребрени и 7 бронзени). До златните, стигнаа Теа Настоска кај јуниорките и Христијан Стојковски – Кико во конкуренција на лица со попреченост. Сребрените медали се за: јуниорката Кристина Мантароска, пионерите Тамара Илиоска и Немања Џагадуроски. За бронзи се изборија: јуниорите Теона Настоска, Мартина Јанкоска, Никола Магдески, пионерката Теодора Илиоска, децата Матеја Николоска, Владан Стрезовски и Марио Конески.

Тренери беа Дејан Мицкоски и Киро Здравески.

Loading