ПЕХАРОТ ЗА ЕКИПАТА ДИНО

Лажани

На Турнирот во мал фудбал Лажани футсал куп. Победник е екипата Дино 99, составена од младинците на Победа. Таа во финалето по изведувањето пенали го совлада Леарт комерц со 4:3. Во основниот дел беше нерешено 2:2. Пред многу народ на игралиштето во Лажани (амбиент како да се играше на стадион), во мечот за третото место Панорама го победи Црнилиште. Така, редоследот на најдобрите е: Дино 99, Леарт комерц, Панорама, Црнилиште. Учествуваа 16 екипи.

На турнирот, покрај пехар и медали за најдобрите екипи и поединци, имаше и парични награди – 1000 евра за победникот, 600 евра за второпласираниот тим, 400 евра за третиот.

Loading