ОЧЕКУВАЊЕ ДАТУМ

Победа

Се уште е рано е за старт на подготовките на второлигашот Победа, но време е барем за одредување датум за првиот собир. Засега само отприлика се знае дека ќе биде во почетокот од јули. Со оглед на тоа што преодниот рок е во тек, засега се очекуваат и вести во врска со тоа кој ќе биде шеф на Стручниот штаб, кои играчи заминуваат или остануваат, кои доаѓаат. Но, првенствено треба да се разјасни дали ќе има новости и во врска со евентуалното доаѓање на нов приватен финансиер. Низ градот се слушаат разни комбинации, но ниедна не е сигурна се додека не биде објавена како официјална.

На Градскиот стадион Гоце Делчев е мирно, а само повремено четирипет прилепчани играчи и тренери во други градови, одржуваат рекреативни тренинзи.

Loading