НИТУ ПАЈАЖИНА ОД ВЛАЧАРНИЦИТЕ

Неколку влачарници и предилници биле претходница на предилницата Билјана, која пропадна пред повеќе од две децении. Овие мали работилници со импровизирани машини, ја претворале волната во конец за плетење. Неколку работилници ги задоволувале потребите на градот. Се памети и последната влачарница на улицата “Кузман Јосифоски” И таму сопственикот и стави клуч, бидејќи не можеше да се носи на модерната техника. Додека машината се полни со прашина, се памети влачарница и предилница која функционираше во старата чаршија. Поштук нема, ниту пајажина има од најмодерната влачарница од Ќорвезоровци преку река.

Вештите мајстори со помош на машините ја претворале волната во конец, а умешните раце на домаќинките плетеле фермелиња, калчуни, нараквици, полувери и друга облека против зимскиот студ.

За цветот на старите занаети останаа да сведочат старите фотографии.   

Loading