МЕДНА БОМБА ЗА 5 МИНУТИ ЗА ИМУНИТЕТ

Рецептот е комбинација за бомбастичен имунитет.

Потребни се 500 мл. мед, 100 гр. ореви, 100 гр. бадеми, 100 гр. сува брусница, лимон, 50 гр. лешници и 50 гр. индиски ореви. Лимонот добро се мие и се трие со сода бикарбона, па плакне под млаз ладна вода. Се сече на парчиња заедно со кората со отстранети семки. Во блендер се става исечениот лимон и се додаваат оревите, бадемите, лешниците и индиските ореви. Се мели додека убаво да се соединат. Смесата се тура во посебен сад, а во блендерот се става сувата брусница да се сомеле. Претходната смеса се прелива со 500 мл. течен мед и се меша да се изедначат состојките. Смесата се чува во тегла во фрижидер.

Возрасните консумираат по една супена лажица наутро и навечер, а децата над три години по една лажичка дневно.

Loading