ФИНАЛЕТО Е ВИКЕНДОВ

Куп

И по завршувањето на првенствата, има фудбал. Се игра за Купот на Македонија, за територијата на ОФС Прилеп. Викендов е финалето, за кое до последен момент се договараше местото на одигрување. Претходно беа четвртфиналните и полуфиналните мечеви. Во средата, во полуфиналето беа овие резултати: Црвена ѕвезда Сенокос – Стрела Ерековци 2:3 и Влазними јуниор Пресил – Питу Гули Крушево 4:5 пенали (5:5). Победниците се финалисти. Во четвртфиналето имаше многу голови: Стрела – Боротино 3:0, Братство (Големо Коњари) – Влазними јуниор 2:4 и Црвена ѕвезда – Гарван (Десово) 6:3. Слободен беше Питу Гули.

Победникот од ОФС Прилеп продолжува натаму во Купот, каде е уште и екипата на Победа.

Loading