ШОКОСКИ И МИРИАНИ ЗАМИНАА

Ракомет

Само што Прилеп со 31:25 го совлада Голден арт, за убава завршница на првенството во Супер лигата, во кое обезбеди опстанок, се случи разделба во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко”. Од клубот заминаа бековите Давор Шокоски и Грузиецот Мириани Гавашелишвили. Спортскиот директор Горан Стојаноски им врачи пригодни подароци во знак на благодарност. Не се знае која е нивната нова средина, со оглед на повеќето понуди.

Прилеп заврши на 3. место во плеј-аут групата или вкупно на 11. место во Супер лигата.

Loading