МАНЏА ЗА ДОБИТОК В ГРАД

Слама и сено за прехранување на добитокот, кој главно служел за влечење арабаџиски коли за на тутун и за други потреби, се продавале масовно во градот. Постарите кои ги држи умот се сеќаваат на местото викано Сенарникот, во близина на катна гаража. Таму се собирале жители од околните села и продавале “манџа” за магарињата, маските и коњите. Не ретко и за воловите, кои се спрегнувале ѕевгар, чифт, за орање со рало.

Прилеп бил земјоделски град. Така речи немало фамилија без добиток. Лете се прибирало храна. Не се нудело на кантарот кај сенарникот само сено, туку и зоб, односно ‘рж, јачмен и друга поквалитетна храна да се одржи силата до сочните пролетни ливади.

Loading