МАЈСКИТЕ ПОЕТСКИ СРЕДБИ

Клубот на литературни творци Прилеп покажа дека знае како да биде домаќин на литературни настани, овој пат со традиционалните Мајски поетски средби на литературните клубови од Македонија. На едно место се собраа литературните творци од целата држава. Настанот го збогати и поетеса од Србија.

– Интимните исповеди на поетите ги растрепери емоциите со нежни музички изведби. Славата на убавиот пишан збор изгледаше грандиозно – вели Андриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци Прилеп.

Loading