ДВОЈНО ПОДОБРИ ОД ЛАНИ

Фудбал: Жени

Екипата на Деспина го имаше последниот меч сезонава, дома со тетовска Шкендија. И без тој резултат пет дена порано го обезбеди високото 4. место на табелата од Првата женска лига. За ова вреден беше триумфот со 3:2 врз Истатов во Скопје, со головите на Јана Чубриноска, Настасја Накова и Србинката Николина Батиниќ. Четвртото е значаен напредок во однос на минатогодишното осмо место, а има и голема разлика во бодовите – лани 20, сега 40.

Погоре пласирани се само Љуботен, Саса и Тиверија.

Loading