БОСИЛЕКОТ ГО ФРЛА ЛОШИОТ ХОЛЕСТЕРОЛ

Босилекот во комбинација со лукот претставува најмоќен антибиотик на природата. Кралот на билките, моќен природен антибиотик, изобилува со фитонутриенти. Малата зелена грмушка се одгледува поради лековитите листови и семето.

Босилекот содржи доста витамини Б6, А, Ц и магнезиум. Магнезиумот го јакне срцевиот мускул и спречува појава на инфаркт. Свежите листови имаат антибактериски и антисептички својства. Корисен е за различни инфекции. Листовите може директно да се ставаат врз рани за да се спречи продор на бактерии.

Тој е силен антиоксиданс. Го јакне имунолошкиот систем, спречува оксидација на холестерол, го штити срцето и крвните садови. Помага во борбата против инфекциите, ги намалува воспаленијата од артритис, лекува мигрена како и воспаление на бубрезите.

Во кулинарството како зачин се приготвува со ставање пред крајот за сочувување на вкусот. Може да биде и декоративна билка.

Чајот од босилек се приготвува и од свежи листови. Сечканите листови се преливаат со врела вода и се поклопува да не испарат етеричните масла. По 8 минути се процедува и се пие.

Сок од босилек. Во сад со литар вода се додава 400 гр. шеќер. Кога ќе зоврие и шеќерот ќе се растопи, се додаваат 4 лажици сечкан босилек. Се вари уште 10 минути. Се трга на страна поклопено и кога ќе се излади, се процедува. Се додава сок од 1-2 лимони. Се чува во шише во фрижидер и се користи како сируп на растворање.

Потребни се лажица босилек, 250 мл. зовриена вода, лажица рендан ѓумбир, лажица мед, прстофат сол и 5 каранфилчиња. Се подготвува напитокот од босилек со попарување на билката, се остава поклопено 15 минути и се процедува. Во овој чај се додаваат рендан свеж ѓумбир, мед, каранфилчиња и прстофат сол. Се пие неколку пати во денот, во голтки.

Loading