БЕЗБОЛЕН ПОРАЗ

Кошарка

Екипата на тетовски Тетекс е првак во третолигашката кошаркарска конкуренција, по победата од 68:56 над Мега баскет. Во Скопје прилепскиот тим не ги покажа претходните изданија, а една од причините се повредите кај неколку играчи. Поразот е безболен, бидејќи Мега баскет победуваше токму кога најмногу требаше – во основниот дел од првенството, во четвртфиналето и полуфиналето од плеј-офот, кога се обезбеди со второлигашки статус.

Тетекс и Мега баскет ќе се сретнат и наесен, во првенството од Втората лига.

Loading