Општинска
И за мечевите од општинските лиги многу гледачи на Градскиот стадион “Гоце Делчев”. И покрај тоа што се наплаќаа влезници, трибината беше исполнета, што покажува колку во градот и околината се сака фудбалот. Беа четири меча. Првото полуфинале од плеј-офот на А-лигата од ОФС Прилеп го доби Стрела (Ерековци) со 2:0 над Мукос (Дреновци). Второто плуфинале и припадна на Кадица (Забрчани) со 2:0 врз Влазними (Пресил). Во средата се одигра финалето, Стрела – Кадица (0:3).
Бараж-мечот за место во А-лигата го доби Тризла против Боротино, со 5:4 по изведувањето пенали, бидејѓи по 90 минути беше 0:0.