ЗАВРШНИЦА ОД БОРБАТА ЗА ТИТУЛАТА

Пинг-понг

Дали Младост 96 ќе ја врати титулата државен првак ќе се знае многу бргу, по завршувањето на плеј-офот од Супер лигата. Прилепскиот тим, како првопласиран во основниот дел, за противник во полуфиналето го има четвртото Берово. Првиот меч е в сабота, во Берово. Победата значи пласман во финалето. Второто полуфинале е Телеком нец 2 (Скопје) – Шампион ФА (Штип).

Вториот прилепски тим, Младост, како седми од Супер лигата игра бараж за опстанок со Телеком нец (Скопје), четвртиот од Првата лига.

Loading