СТРУГА ПРВА – ПОБЕДА ПОСЛЕДНА!

Фудбал

Неверојатно. Некогаш беше невозможно струшки тим (Караорман) да биде над Победа. Но името не игра, туку квалитетот. Струга е нов шампион, а Победа е последна и отпаѓа во Втората лига. Последниот пораз е со 1:4 (стрелец Огњен Ѓурковиќ) дома од Тиквеш.

Конечна табела: Струга 68, Шкупи 58, Шкендија 57, Силекс 48, Брегалница 41, Тиквеш 40, Македонија ЃП 39, Работнички 37, Академија Пандев 28, Скопје 22, Победа 13.

Во Третата лига – Југ и покрај поразот со 2:1 во Големо Коњари, првак е неготински Вардар, кому му претстои бараж за влез во Втората лига.

Во Првата женска лига Деспина со 2:0 го совлада Скопје на негов терен, па има шанса за 4. место на табелата.

Loading