МЕГА БАСКЕТ Е ВТОРОЛИГАШ!

Кошарка

Екипата Мега баскет е второлигаш. Статусот го доби по победата од 78:69 врз Маџари, во третиот меч, т.н. мајсторка од полуфиналето на третолигашкиот плеј-оф. Прилепскиот тим одигра најдобро сезонава, така што и подобар ривал од Маџари ќе беше совладан пред преполната сала во ООУ “Добре Јованоски”.

Викендов во Скопје е борбата за пехарот, финалето Мега баскет – Тетекс.

Loading