ДЕСПИНА ТРЕТА

Ракомет

Заврши плеј-аутот од женската Супер лига. Екипата Деспина прво со 24:27 дома загуби од скопски Шампион, потоа во Скопје со 31:28 го совлада Спартак. Со освоените 24 бода е на третото место од плеј-аут табелата или на 11. во целата лига. Табела: Шампион 28, Астибо 25, Деспина 24, Скопје 22, Гевгелија 15, Спартак 10, Кузман Вардар 0.

Машкиот тим Прилеп, во борбата за директен опстанок во плеј-аутот на Супер лигата, викендов гостува кај Куманово, на крајот игра дома со скопски Голден арт.

Loading