АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Историска градба не смее да биде историска кражба.

*

Болно општество создава болни луѓе.

*

“Залауфаните” по пари го губат разумот.

*

Кога власта се фаќа како слеп за стап, не може да ја види вистината.

*

Голабот на мирот го сардисаа многу мршојадци.

*

Не смее да се дозволи борбата за законитост да прерасне во борба за живот!

*

Правата на работниците не се бранат со полнење на сопствените џебови.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading