ВРЕДНО РЕМИ

Ракомет

Прилеп не го совлада скопски Јуниор КВ, но освои значаен бод, по ремито дома од 24:24, во салата од “…Ричко”. Голот во последната секунда на левото крило Христи Бикоски води кон опстанок, со оглед на тоа што целта е пласманот до 5. место на плеј-аут табелата од Супер лигата. Таму Прилеп има 21 бод, шестиот Вардар 16, а остануваат само уште две кола. Најефикасни на последниот дуел беа Давор Шокоски со 13 гола, Мириани Гавашелишвили со 6.

Во плеј-аутот од женската Супер лига, Деспина со 28:18 на гости ја совлада Гевгелија, а викендов дома игра со лидерот Шампион од Скопје.

Loading