ПРИЛЕП Е ПРВОЛИГАШ

Пинг-понг

Екипата Прилеп е нов член на Првата пингпонгарска лига на Македонија. Овој тим во Скопје освои три бода за пласман на првото место. Прво совладани беа Патриоти од Велес со 4:0, преку победите на Штаргоски, Ристески, Чадамовски и Димков. Потоа на дербито кое одлучуваше, со домашниот Студент, беше поразот со 3:4, минимален во споредба со есенската победа од 4:1 дома. Партиите ги добија: Штаргоски  2 и Ристески. Оправдано отсутни Бојан Базерковски и Звонко Тодороски. Меѓусебниот биланс е решавачки за Прилеп да е прв, Студент втор, бидејќи двата тима имаат по 19 бода.

–  Целта ја постигнавме со играчи – млади ветерани меѓу 37 и 47 години. Наесен, според прописите, мора да ангажираме младинец до 21 година, а тоа планираме да биде Мартин Ристески, со 12 години, но е 4. место во државата. Член е на Младост 96. Може да игра со двојна регистрација – најавува Рубинчо Ристески.

Викенд со 4 кола

В сабота и в недела се последните 4 рунди од основниот дел на Супер лигата. Екипата Младост 96 има за цел задржување на лидерското место, а Младост за пробив кон средината од табелата. Младост 96 за противници ги има: Шампион ФА, Рисови, Работнички и Крива Паланка 2007. Младост ќе игра со Берово, Шампион ФА, Рисови и Работнички.

Табела: Младост 96 – 27, Телеком нец 2 – 26, Шампион ФА 24, Берово 23, Крива Паланка 2007 – 22, Младост и Работнички 19, Крива Паланка 18, Рисови 16, Кочани 14.

Loading