“МАЈСТОРКАТА” Е В САБОТА

Кошарка

В сабота (19 ч.) ќе “врие” од публика во салата на ОУ “Добре Јованоски”. Тогаш се игра третиот, решавачки меч од плеј-офот за влез во Втората кошаркарска лига, Мега баскет – Маџари. Таканаречената “мајсторка” ќе го даде тимот што ќе стане второлигаш, бидејќи претходно двата ривала по еднаш победија како гости, Маџари во неделата со 83:79, Мега баскет во средата со 75:60.

Влезот во салата е слободен.

Loading