КРВАВИОТ НОС НА СВЕТИ ТРИПУН

На први сечко (февруари) зел Трипун едно кравајче в торба и една карта вино, закачил соро за појас и тргнал в лозје да го кроит. Го срела Богоројца.

-Со здравје, свети Трипуне, ако даи Госпо, каде вака?

-Ќе го кројам лозјето.

-Ако је кабил, не оди денеска кај се пригодуам за утре да одам црква да си земам молитва, да ке те клаам да те празнуат луѓето на треќио ден од сечка, пред мене да бидеш, а не зад мене.

– Не се враќам. Сум си зел кравајчето, картето со винце и соро сум си го наточил и ќе одам. Нема друго чаре.

– Арно ќе одиш в лозле да кроиш, ами ти нели не знаиш да кроиш?

– Кој ти рече. Знам ем саде за ќеф, знам да кројам!

– Ко знајш, ај да видам као ќе кроиш?

– Пеки, еве вака је!

Го изваил соро од појас и се ватил за нос ѓоа прачка носо му се стори да је на некоја пењушка, и тргнал со соро та си пресекол носо и останал со чпрнтав нос. Се сетил сиромаи Трипун пијаница, оти со непослушувањето на Богоројца го исекол носот и останал чпрнтав. Така го кладоа празник да биде пред Богоројца, а не по Богоројца.

На крајо од лозјето Трипун се наведил да го крои. Ватило крв да му течи од носо, ко река. Се предумал да крои две-три пењушки и да оди утре да го крои.

Зел кравајчето малце да касни, арно ама од крвта што му течела, не могол да јади. Ккренал картето да се напие винце, па од крвта не могол да се напие. Потурил една пењушка со вино и пресекол три прачки колку за адет и отишол во другио крај на лозјето и тамо потурил една пењушка со вино и пресекол од неа три прачки, та го остаил нескројено лозјето. Тргнал да си оди дома. Кого ќе сретнеше Трипун и ќе му дадеше едно парче од кравајчето и ќе го напиеше една чаша винце. Дури си влегол в град, сето кравајче го раздал и сето вино, за задуша, чунки тој не можел да каснува од крвта што му течела. Едно додал сичко и крвта му престанала.

– Сполајти, Богородице, па си била милостина што ми запре крвта да не умрам без дена!

Од тој адет, Свети Трипун, и ден-денеска го праат луѓе у нас што имаат лозја, ама не како што праеја во постаро време. Чунки во старо време носеше секи домаќин со лозје, кравајче и карте со вино.Откоа ќе кроеше по три пењушки, ќе седнеше на меѓата од комшијата и ќе се собереа неколцина од комшиите, та ќе напоручаат и ќе се напијат од винцето. Откоа ќе изблосоија лозјата за Госпо да му умножи со бериќет и да му чува од слана и град, ќе си тргнеа дома. До шо чоек ќе сретеа, ќе почестеа со парче кравајче и една чаша вино дури имаа леб и вино.

Loading