СЕ ГРАДЕЛЕ КУЌИ, СЕ ГРАДЕЛЕ СТАНОВИ

Дека Прилеп од секогаш имал сенс за новото, за прогрес, покажува фотографијава. Се вишнее деветокатницата, се ѕида цигла по цигла, се курдисуваат станови. Никнува првата повеќекатница! Градилиште е ценатрот.

Одамна се мислело на урбанизацијата. Сведочи поставувањето на канализационите цевки. Се подобрувале условите. Жителите полетни и орни за напредок не ги сопирал “жива сила”. Како што младоста, мајчината љубов í дава сила и крилја, и на оваа млада прилепчанка да поита и на велиспед, како што милуваат да речат прилепчани за најпопуларното превозно средство, да ја однесе челатта до кај мајка, баба, или пак на гости, на училиште! Ни жештината, ни прашината не í го земаат здивот, ниту видот!     

Loading