СОЛИДНИ ВО ПЛЕЈ-АУТОТ

Ракомет

Ако во основниот дел од првенството прилепските тимови тешко освојуваа бодови, многу подобро им оди во плеј-аутот. Женската екипа Деспина има 6 победи и 3 пораза, машкиот тим Прилеп 6 победи и 5 пораза.

На последниот меч Деспина со 23:22 го совлада Скопје, и така се добилижи до водечките. На табелата Шампион има 22 бода, Скопје 19, Деспина 18, Астибо 16, Гевгелија 15, Спартак 7, Кузман Вардар 0. Викендов Деспина е гостин на Гевгелија.

Машкиот тим Прилеп, ако загуби со 30:28 од Вардар во Неготино, има реални шанси до 5. место и опстанокот. На табелата води Голден арт со 27 бода, Куманово 23, Струга има 21, Прилеп 20, Скопје 18, Вардар 16, Јуниор КВ 14, Радовиш 2.

Машкиот плеј-аут продолжува на 7 мај, со дуелот Прилеп – Јуниор КВ.

Loading