МИСЛИТЕ КОН ВТОРИОТ ПРОТИВНИК

Кошарка

Првите четвртфинални натпревари од плеј-офот за пласман во Втората кошаркарска лига на Македонија беа доволни да се насети кои се ривалите во полуфиналето, во фазата каде победникот добива статус второлигаш. Во првата линија Тетекс службено ја доби Струмица и без натпревар го чека подобриот од Феникс баскет – Спарта. На првиот меч Феникс дома победи со 77:67, а реваншот беше синоќа. Во втората линија прилепски Мега баскет на првиот меч делуваше како НБА-тим, со оглед на триумфот дома со 109:39 врз скопски Младинец. Во средата беше реваншот Младинец – Мега баскет (49:65). Веќе се размислува за следната пречка, каде можен ривал е Маџари, тим кој на првиот меч постигна високата победа од 80:56 над Гостивар 2.

Втората серија за пласман ранг погоре почнува од 6 мај.

Loading