АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Нема среќа без насмевка, како што нема сеќавање без болка.

x

Кога ќе сретнеш проблем не го одминувај.

x

Кога краде кој ќе стигне, посебно крадат тие кои престигнуваат.

x

Политика водат на своја рака, а врз грбот на народот.

x

Влада без ‘рбет не може да владее исправена.

x

Кој знае да учи знае и да оддучи.

x

Тешко на демократијата што ја спроведува цврста рака.

x

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading