Некоја жена била голем инаетчија, Еден маж видел дете гологлаво, бричено и рекол на жената:
– Види, како е бричено детено во главата.
Инаетчиката му рекла:
– Не е бричено, труку е стрижено.
– Како стрижено? Не го гледаш дека е бричено!
– Не, стрижено е детето.
Стрижено-бричено, стрижено-бричено, се инаетеле многу време.
Најпосле мажот послал едно веленце врз еден бунар и í рекол да не седнува врз веленцето. Бидејќи била инаетчија, седнала и пропаднала во бунарот. Фатила да се дави. Мажот í рекол:
– Жено, речи оти детето беше бричено да те извадам од бунарот, да не се удавиш.
Чула жената од водата и ја извадила десната рака нагоре. Та фатила со двата прста да му покажи на мажот како сечат ножиците. Демек, стрижено било детето. Така правела додека устата í се наполнила со вода, та не можелае да му приговори.
– Тув, инаетчија жена. Се удави од инает и назад не се врати – рекол мажот.