СЕМКИ ОД ТИКВА СПРЕЧУВА ОПАСНИ БОЛЕСТИ

Семките од тиква се лековити 3.000 години во најразлични култури. Чудесните семки нудат палета на здравствени придобивки. Изобилуваат со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К.

За простатитис се потребни 500 гр. лупени сурови семки од тиква и чаша мед. Добро се мелат и се додава чаша мед. Се меша до изедначена смеса. Од мешавината се прават топчиња од 1-1,5 см. Се јадат по едно топче секое утро пред појадок. Третманот се прави еднаш годишно.

Соединенијата кукурбитацини од семките од тиква помагаат за превенција и борба против ракот. Имаат способност за уништување на одредени видови канцерогени клетки и имаат антивоспалителни својства.

Се масло од семки се третира зголемена простата. И фитохемикалиите во семките се корисни.

Семките го зголемуваат нивото на ХДЛ (корисниот) холестерол. Содржат состојки кои го намалуваат ЛДЛ (штетниот) холестерол.

Семките од тиква се препорачливи за дијабетичарите. Имаат многу железо и незаситени масти корисни за срцето. Состојките успешно го регулираат нивото на инсулин во крвта и помагаат за пад на ризикот од шеќер.

Семките содржат многу растителни влакна и протеини за намалување на телесната тежина. Во 30 гр. семки има 5 грама протеини, кои заситуваат подолг период. Не се претерува за слабеење, оти само една чаша има речиси 300 калории. Се јадат паметно.

Луѓето со недостиг од цинк, треба да грицкаат семки. Изобилуваат со овој минерал потребен при фрактури на коските.

Семките се одлични за физичкото и за психичкото здравје. Со грицкање паѓаат симптомите од депресија, стресот и анксиозноста.

Делуваат антивоспалително. Ги ублажува симптомите од артритис. Довлно се 30 гр дневно.

Loading