ЏУНЏУЛЕ – ЛЕК ЗА ВИД, ЗГЛОБОВИ И ЖЕЛУДНИК

Се вели дека ако во дворот имате многу џунџулиња, мувите нема да  доаѓаат на гости затоа што не го сакаат нивниот мирис. Со ова цвеќе се штителе нивите не само од штетници и инсекти, туку и од дивите свињи.

Џунџулето е омиленото цвеќе на нашите баби. Редовно го засадуваа покрај бавчите и другите цвеќиња за заштита од болести.

Треварите го користат џунџулето како диуретик, дијафоретик и антхелминтик. Чајот од џунџуле лекува дијареа и желудечни колики. Расти отпорноста на организмот од настинки, грип, разни микроби, вирози. Го зголемува имунитетот. Да не се се претерува, да не ја премини препорачаната количина, бидејќи цветовите, а особено листовите, се богати со есенцијални масла, кои не се погодни за сите.

Цветовите го подобруваат видот. Содржат супстанции од кои зависи квалитетот и јасноста на видот. Да се врати визуелната острина, билкарите препорачуваат консумирање на 1-3 свежи цветови од растението дневно, максимум еден месец. За почеток, во една чаша се става еден цвет џунџуле. Се полива со врела вода. По 15 минути се цеди и се пие. Веднаш се чувствува ефектот. Погодни за чај се црвено-кафеавите цветови богати со каротен и пигменти.

За превенција и лекување на гинеколошки болести потребно е да се користи еден цвет од џунџуле прелиено со чаша врела вода. Се пие поделено четирипати во денот по 250 мл. Другиот рецепт е 3 цветови со стебленце се преливаат со 400 мл, врела вода. Се вари пет минути и се остава да излади на собна температура. Се цеди и се пие трипати дневно пред оброк, поделено во еднакви количини. Во зависност од степенот на болеста, се консумира според шема: 21 ден, 7 дена пауза, а целиот третман трае 2-3 месеци.

За инхалација при затнат нос и синуситис се полни тенџере со половина литар зовриена вода, па се ставаат 5 иситнети цветови џунџуле. Се покрива главата со крпа и се инхалира додека има пареа. На пет минути се вдишува пареата преку носот, па се издишува преку носот. Следните пет минути се вдишува преку носот, а се издишува преку устата.

За изгореници и рани се приготвува масло од џунџуле. Потребни се цветови и масло во однос 1:1. Состојките се ставаат во тегла и добро се затвора. Отстојува една ноќ, а наутро се става теглата во врела вода да стои половина час на температура од 60 до 70 степени. Маслото се користи и против воспаление на дишни патишта, особено бронхитис, бидејќи го олеснува движењето на слузта, ја неутрализира стагнацијата и помага при кашлици.

Бањите со цветови од џунџуле ги смируваат нервите. Помагаат при стрес, ја ублажуваат анксиозноста, ја враќаат емоционалната рамнотежа.

За панкреативни болки се сечка еден цвет џунџуле, се прелива со 200 мл. врела вода. Малку отстојува и се цеди. Се пие по четвртина чаша, 4 пати дневно. Се препорачува за лекување на панкреас и дијабетес.

За дијабетес се потребни 50 цветови потопени во 1/2 л. ракија. Се остава една седмица, а потоа се цеди. Се консумира по една лажица 3 пати дневно, пред јадење.

Против убоди од пчели и оси се нанесува на болното место свеж сок од џунџуле. Помага и при разни иритации на кожата.

За подобрување на метаболизмот и чистење на црниот дроб се потрребни 5 цветови, кои се преливаат со литар зовриена вода. Се вари 3 минути на тивок оган, а потоа се цеди. Се консумира околу 250 мл. пред оброк, наутро и навечер. Лекот се користи еден месец, па се паузира седум дена.

Лосион за подмладување на кожатасе прави со  2 лажици сечкан цвет прелеан со чаша зовриена вода. Се остава преку ноќ. Се цеди. Чајот се меша со по една лажица ракија и лимонов сок. Лосионот се чува во фрижидер. Лицето се чисти 2-3 пати дневно, но никако пред да се излезе на сонце .

Loading