ДАЛДИСАНОСТ ПО БУБАМАРА

Додека Победа тоне во прволигашкото друштво, Прилеп отсекогаш бил лидер меѓу фудбалските градови во земјава. Фудбалот е “заеднички јазик” на сите нации. Прилепчани одамна се далдисанипо овој спор, се радуваат и тагуваат при Гол, при победа или пораз, аплаудираат и свират, Заробени во бубамарата.

“Најважната споредна работа на светот”, без Победа го стигна до  зенитот со профит, договорите со спортските марки, трансферите од стотици милиони евра… Наместо за клупска и репрезентативна слава, повеќе се игра за пари и лично издигнување да се стигне до попрестижен светски клуб.

Не било секогаш така. Ентузијазмот и љубовта ги победувале границите на немаштијата. Спонтано се собирале другари запалени по топката. Како маалски тимови се натпреварувале меѓу себе, без поени или лига. Фудбалерите се снаоѓале во најлоши времиња. Се играло од кеф со импровизирана опрема.

Тоа се гледа и од фотографијата, стара повеќе од шест децении. Никој не мислел да игра во странство. Најдалеку “нишанеле” со умот кон југословенските топ четири тима, Партизан, Црвена Ѕвезда, Хајдук и Динамо. А и правилата не дозволувале играч помлад од 28 години да замине во странство. Затоа играле без пари, дриблале, шутирале само за да приберат повеќе публика, за да биде побурен аплаузот што им ги полнел срцата и ги мотивирал за натамошни триумфи.    

Loading