АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Со многу зборови се стигнува само до малку дела.

x

Мора да се живее некако, а не никако.

x

Лошо очекувај ако слободата и одговорноста не одат рака под рака.

x

Ако не си ветар не уживај да брануваш.

x

Бисерот ќе си остане истиот колку и да го посипуваш со песок.

x

Бори се за добро и кога во зло опстоиш

x

Ако не умееш да ја употребуваш власта не ја злоупотребувај!

x

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading